Почетна » трета година » Реализам – појава и подвидови

Реализам – појава и подвидови

Правецот реализам се појавува во услови на целосен напредок на науката, во триесеттите години од XIX век.

Најпрво, реализмот се појавува во Франција, но набрзо се раширува и во другите европски земји.

Особености на реализмот

  1. Главната особеност на раздобјето на реализмот е одразување на животната стварност, но не како буквално фотокопирање, туку како обопштување (од повеќе слични ситуации или личности се прави избор и се создава еден, односно се обопштува)
  2. во реализмот се анализира, се критикува и се бара разрешување
  3. создавање типични карактери во типична средина (типизирање – обопштување; од особините на повеќе татковци се создава лик на типичен татко) е особина на реализмот;
  4. расказот и романот се најпогодни форми на израз за овој правец.

Подвидови реализам

  1. Класичен – ја прикажува вистинската слика на капиталистичкото општество
  2. Натурализам – опишување на мрачната страна на човекот (Емил Зола)
  3. Демократски (критички) – преку критика ги откриваат негативните страни на општеството
  4. Социјалистички (Максим Горки)
  5. Психолошки реализам (Достоевски).

Претставници на реализмот се:

Scroll to Top