„Антигона“ е последната, третата драма (трагедија) од трилогијата на Софокле инспирирана од Митот за Едип.
(Прочитај повеќе за Софокле.)
Темата во драмата е пожртвуваноста на Антигона за одбрана на честа на брата си и семејството.
Содржина на драмата
Hа почетокот од драмата, во прологот, во разговор меѓу двете сестри, Антигона и Исмена, накратко се дознава тешката судбина на семејството – нивниот татко, Едип, кој бил и син и маж на нивната мајка Јокаста, си ги извадил очите да се казни и веќе е мртов, мајката, пак се обесила, а браќата се убиле во меѓусебен бој.
Останале кутрите две сестри. Нивниот вујко, кралот на Теба, Креон, со сите почести го закопал помалиот брат Етеокле, но постариот, Полиник, сметајќи го за предавник – го оставил птиците да се гостат со него.
Антигона, ѝ кажува на сестра си, дека иако кралот строго забранил и за прекршување на забраната следува смрт, таа е решена да си го закопа братот. Бара од Исмена помош, но откако таа не сака да си го ризикува животот, Антигона не се лути и вели дека тоа самата ќе го направи, сметајќи го за нејзин долг.
1.
Истава сторија потоа, во првиот чин, се раскажува од хорот и од Креон, кој ги образложува причините за почесното закопување на Етеокле – бранител на градот, и нечесниот напаѓач – Полиник. Но, доаѓа вознемирениот стражар кој го чувал телото на Полиник и кажува дека некој се осудил пепел да фрли врз него – што означува негово закопување. Креон ги обвинува стражарите, дека сигурно тие за пари дозволиле такво нешто, но стражарот се навредува од неговите обвинувања и ги отфрла.
2.
Уште на почетокот од вториот чин се откива и е фатен на дело „злосторникот“. Стражарот ја води Антигона кај кралот Креон, а таа веднаш признава дека го погребала брата си и покрај забраната. Гордо изјавува дека забраната не е од Бога и таа не ги прекршила божјите закони, туку неговиот, кој го смета за направеден. Не се плаши од смртта – и со радост ја очекува, сега, откако го извршила својот долг како сестра.
Прочитај ја драмата „Антигона“.
Маж нема да бидам – маж таа ќе биде-
злосторството ако без казна ѝ пројде.
Креон се сомнева дека и Исмена учествувала во погребот, па затоа ја повикува и неа.
Таа веднаш признава дека е соучесник, но Антигона се спротивставува и ја кажува вистината – дека во извршување на делото таа ја одбила. Како и дека со зборови, признанието што сега го кажува Исмена, не може да ѝ ја врати честа, зашто делото не го извршила.
Исмена сака да ѝ помогне на сестра си, да ја подели со неа болката, па дури почнува да го моли Креон за мислост, да му кажува дека Антигона е љубената свршеница на неговиот син, но Креон е безмилосен, не сака лоша жена за синот, и постапува според законот – двете ги затвора.
3.
Третиот чин започнува со разговорот меѓу Креон и Хемон (свршеникот на Антигона и синот на Креон). Креон му ја кажува својата одлука дека Антигона мора да биде казнета заради својата постапка, а Хемон му одговара дека одлуката е исправна, но дека, сепак, народот не мисли така, дека сите ја сожалуваат Антигона:
„… бидејќи таа е најневина жена
што умира срамно за чистото дело.“
И затоа му вели дека треба да биде мудар, и да попушти, да го послуша народот и нивното мислење. Креон го обвинува дека тој само за сопствената жена се бори, дека клекнал пред неа, дека е малодушен. Но, Хемон одговара дека нема да попушти и дека и тој ќе умре со неа. Заминува гневен и со болка во душата што не успеал да го поколеба татка си. Креон, пак, наредува да ја ослободат Исмена, која не е виновна, а Антигона да ја остават во пустината да умре.
4.
Четвртиот чин започнува со простувањето на Антигона со животот. Тагува што безбрачна и бездетна ќе замине од светов, и што иако праведна, никој нема да тагува по неа. Брачната постела – тоа е нејзиниот гроб. Своето дело го оправдува со зборовите:
„Мртвиот сопруг со друг се заменува лесно;
и друго дете ќе може со друг да се роди;
само што мртви се моите родители кутри,
така што брат не ќе ми родат никогаш веќе.“
По одведувањето на Антигона, Креон разговара со пророкот Тирезиј, кој му претскажува лоша судбина ако не го закопа Полиник кого птиците не го јадат и е заштитен од Бога.
Исто така, му вели дека за невиното дете што го става живо во студената гробница (Антигона), ќе плати со животот на своето дете (Хамон). Креон почнува да се јадосува и премислува, да ја преиспитува својата одлука. Корифејот го поддржува во мислата да ја одѕида Антигона и тој наредува да се направи така. Но, веќе е доцна, неговиот син се самоубил.
5.
Во петтиот чин, веста прва ја слуша мајката – Јокаста. Хемон отишол во гробницата на Антигона и ја нашол обесена, а кога пристигнал Креон за да ја ослободи – го видел сина си како плаче врз мртвото тело. Хемон замавнал со мечот кон таткото кој избегал, па тој лут на него и себе – мечот го сринал во себе.
Кога пристигнува во Теба Креон со мртвиот син во рацете дознава дека и Јокаста си го одзела животот – обвинувајќи го него за смртта на сите блиски.
На крајот и хорот го обвинува Креонта за неразумноста.
Предлог писмена работа за „Антигона“.