Глаголски вид е граматичка категорија на глаголите.
Со глаголите се искажува дејство кое може да трае подолго или да заврши во истиот миг. Во зависност од ова разликуваме свршени и несвршени глаголи.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Вежби за глаголски вид
А. Глаголите многу често се изведуваат од други зборови.
1. Образувајте глаголи со наставката -УВА од следните зборови: пат, зима, ноќ, глад, лето, цар, дар, мил.
Какви се според видот глаголите што ги образувавте?
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
2. Образувајте глаголи со наставката -И од зборовите: грев, ред, белег, дел, сол, цена, пазар, жал, весел, лут.
Какви се според видот глаголите што ги образувавте?
Б. Често од еден вид глагол се образува друг.
1. Направи НЕСВРШЕНИ од следните свршени глаголи:
Напиши по еден пример за сите претставки (префикси).
4. Образувај неколку форми од глаголот знае со префикси!
Каков е тој глагол според видот, а какви се глаголите образувани од него со префикси?
Одговори:
А.
- патува, зимува, ноќева, гладува, летува, царува, дарува, милува
Глаголите се несвршени.
(Проверка: патуваше, ноќеваше, гладуваше, царуваше, даруваше, милуваше)
2.
греши, реди, бележи, дели, соли, цени, пазари, жали, весели, лути
Според видот, глаголите се несвршени.
(Проверка: грешеше, редеше, бележеше, делеше, солеше, ценеше, пазареше, жалеше, веселеше, лутеше)
Б.
- седнува, погледнува, легнува, тропнува, летнува, зема, пушта, фрла, фаќа, плаќа, наоѓа, умира, удира, запира, дава
- тропне, падне, легне, пукне, чукне, седне, свирне
- изграба, научи, преспие, дознае, заигра, придонесе, одговори, собере, надгради, обзнае, произнесе, разобличи, вознесе.
- знае – сознае, обзнае, дознае, признаезнае – несвршен (знаеше)образуваните со префикси се свршени (созна, обзна, дозна, призна)
Од темата морфологија прочитај и за:
Прочитај повеќе за времињата во македонскиот јазик на следнава ВРСКА.
Прочитај повеќе за глаголите на следните врски:
- Морфологија – глаголи (матура)
- Глаголски групи и раздели
- Граматички категории кај глаголите
- Именски форми на глаголот