Вежби за именки

Следните вежби и задачи се за повторување на материјалот за именки:

а) видови именки;

б) граматички категории кај именките;

в) образување на именките;

г) форми за обраќање кај именките, вокативни форми;

д) функцијата на именките во реченицата.

 

Вежби:

 

1. Определи кои од следните зборови се именки:

функција, основа, чувство, работи, истакнува, среќен, форма, совет.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-lff7sg’]
[av_tab title=’одговор’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-ju067k’]
функција, основа, чувство, работи (ако го сфаќаме како множина од работа), форма, совет
[/av_tab]

[/av_tab_container]

2. Кај следните именки определи го видот (општи, сопствени, апстрактни, конкретни), родот, бројот и определеноста, како и формата за обраќање:

Станке, образованието, животе, снег, небо, Водно, храброст, вест, песок, жал, сол.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-h52dhs’]
[av_tab title=’одговор’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-fk0mb4′]
Станке

образованието – општа, апстрактна, среден род, еднина, членувана

животе – општа, апстрактна, машки род, еднина, нечленувана, во вокативна форма

снег – општа, конкретна, машки род, еднина, нечленувана

небо – општа, апстрактна, среден род, еднина, нечленувана

Водно – сопствена, среден род, еднина, нечленувана

храброст – општа, апстрактна, женски род, еднина, нечленувана

вест – општа, апстрактна, женски род, еднина, нечленувана

песок – општа, конкретна, машки и женски род, еднина, нечленувана

жал – општа, конкретна, машки и женски род, еднина, нечленувана

сол – општа, конкретна, машки и женски род, еднина, нечленувана
[/av_tab]

[/av_tab_container]

3. Образувајте ги сите три вида множина кај оние именки што може: клас, бисер, ден, рид, даб, пламен, трн, ливада.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-dtgths’]
[av_tab title=’одговор’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-bwt40g’]
обична        избројана      збирна

клас – класови – (5) класа – класје

бисер – бисери – (5) бисера – бисерје

ден – денови – (5) дена – (од формата дење се добило поинакво значење на зборот)

рид – ридови – (5) рида – ридје

даб – дабови – (5) даба – дабје

пламен – пламени – (5) пламена – пламење

трн – трнови – (5) трна – трње

ливада – ливади – нема посебна форма за избројана – ливаѓе
[/av_tab]

[/av_tab_container]

4. Направи обична множина од именките:

око, уво, рака, нога, срце, трн, крадец, јунак, врабец, господин, пес;
решо, сако, кино, бифе, жири.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-at5n4g’]
[av_tab title=’одговор’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-9w732o’]
око – очи, уво – уши, рака – раце, нога – нозе, срце – срца, трн – трнови, крадец – крадци, јунак – јунаци, врабец – врапци, господин – господа, пес – пси;
решо – решоа, сако – сакоа, кино – кина, бифе – бифеа, жири – жирија.
[/av_tab]

[/av_tab_container]

5. Членувајте ги именките со сите три вида член: клуч, ракија, село, Марија.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-6wgp5s’]
[av_tab title=’одговор’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-57uk28′]
клуч: клучот, клучов, клучон;

ракија: ракијата, ракијава, ракијана;

село: селото, селово, селоно;

Марија – сопствените именки не се членуваат
[/av_tab]

[/av_tab_container]

6. Направи форми за обраќање (вокативни форми) од следните зборови: сват, мајка, татко, стрина, дете, Никола, Бојан, Сара, Бети.

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-3qvmdc’]
[av_tab title=’одговор’ icon_select=’no’ icon=’ue800′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-30dty8′]
сват – свате, свату

мајка – мајко

татко – нема вокативна форма

стрина – стрино

дете – нема

Никола – нема

Бојан – Бојане

Сара – Саро

Бети – нема
[/av_tab]

[/av_tab_container]