Глаголска именка е именска форма на глаголот. Со неа се искажува трајно глаголско дејство. Таа го именува глаголското дејство.
Граматички, глаголската именка се однесува како именка. Таа е во среден род, може да направи множина и да се членува.
- Се образува од несвршен глагол и наставката -ње.
На пример: носење, викање, плетење, читање, седење, пиење, јадење.
јаде: јадење (еднина, среден род); јадења (множина);
членувана форма, во еднина: јадењето, јадењево, јадењено;
членувана форма во множина: јадењата, јадењава, јадењана.
- Од некои свршени глаголи се образуваат глаголски именки со наставките: -ние, -тие.
На пр.: одделение, издание, решение, покритие.
Глаголските именки може да се заменат со лични глаголски форми.
На пример:
Уживам во плетењето. – Уживам да плетам.
Шетањето во природа и набљудувањето на есенските бои е вистинско доживување за мене.
Да шетам во природа и да ги набљудувам есенските бои е вистинско доживување за мене.
Од темата морфологија прочитај и за:
Прочитај повеќе за времињата во македонскиот јазик на следнава ВРСКА.
Прочитај повеќе за глаголите на следните врски:
- Морфологија – глаголи (матура)
- Глаголски групи и раздели
- Граматички категории кај глаголите
- Именски форми на глаголот