Глаголска л-форма е именска форма на глаголот. Таа нема самостојна употреба во реченицата. Со неа, со помошниот глагол сум и честичката би, се градат некои сложени глаголски форми.
Глаголската л-форма спаѓа во именските форми на глаголот. Таа е нелична глаголска форма (нема промени по лица), но има три форми за трите рода во еднина и една форма во множина.
Се образува од глаголот и наставките: -л, -ла, -ло; -ле.
глагол + л
На пример, од несвршени глаголи:
глаголска а-група: викал (машки род), викала (женски род), викало (среден род); викале (множина);
глаголска и-група: носел, носела, носело; носеле;
глаголска е-група: плетел, плетела, плетело; плетеле.
На пример, од свршени глаголи:
извикал, извикала, извикало; извикале
испратил, испратила, испратило; испратиле
испеал, испеала, испеало; испеале.
- Глаголската л-форма се образува и од несвршени и од свршени глаголи.
Со неа се образуваат:
- Минато неопределено несвршено време: еднина – 1л. сум читал, 2л. си читал, 3л. читал; множина – 1л. сме читале, 2л. сте читале, 3л. читале.
- Минато неопределено свршено време: еднина – 1л. сум прочитал, 2л. си прочитал, 3л. прочитал; множина – 1л. сме прочитале, 2л. сте прочитале, 3л. прочитале.
- Предминато време: еднина – 1л. бев читал, 2л. беше читал, 3л. беше читал; множина – 1л. бевме читале, 2л. бевте читале, 3л. беа читале.
- Идно прекажано време: еднина – 1л. ќе сум читал, 2л. ќе си читал, 3л. ќе читал; множина – 1л. ќе сме читале, 2л. ќе сте читале, 3л. ќе читале.
- Можен начин: еднина – за сите три лица – би читал; множина – за сите три лица – би читале.
Од темата морфологија прочитај и за:
Прочитај повеќе за времињата во македонскиот јазик на следнава ВРСКА.
Прочитај повеќе за глаголите на следните врски:
- Морфологија – глаголи (матура)
- Глаголски групи и раздели
- Граматички категории кај глаголите
- Именски форми на глаголот
Глаголска л-форма Глаголска л-форма има нема има нема