Почетна » македонски јазик » морфологија » Глаголска придавка

Глаголска придавка

Глаголска придавка спаѓа во именските форми на глаголот.

Се образува од глаголот и наставките: -н, -на, -но; -ни; и: -т, -та, -то; -ти.

На пр.: читан, читана, читано; читани; носен, плетен, шиен;
ценет, ранет, пукнат, чукнат, паднат.

Глаголската придавка претставува преодна форма од глагол во придавка, но граматички се однесува како придавките. Ги има трите граматички категории – род, број и член.

  • Се образува од несвршени и од свршени глаголи.

На пример, од несвршен глагол:

еднина: миен (машки род), миена (женски род), миено (среден род); множина: миени.

членувани форми: миениот, миената, миеното; миените.

На пример, од свршен глагол:

еднина: измиен (машки род), измиена (женски род), измиено (среден род); множина: измиени.

членувани форми: измиениот, измиената, измиеното; измиените.

 

  • Во реченицата глаголските придавки вршат две служби: глаголска и придавска.

 

а) Кога е со помошниот глагол сум или има, глаголската придавка врши глаголска служба.

На пример:

Имам плетено таков елек. (глаголска служба)

б) Кога стои пред именката и е употребена како атрибут, тогаш врши придавска служба.

На пример:

Таа носи плетен елек. (придавска служба)


Од темата морфологија прочитај и за:

  1. Морфологија
  2. Делови на зборот
  3. Морфема -видови морфеми
  4. Збороформа
  5. Морфолошка поделба на зборовите

Прочитај повеќе за времињата во македонскиот јазик на следнава ВРСКА.

Прочитај повеќе за глаголите на следните врски:

  1. Морфологија – глаголи (матура)
  2. Глаголски групи и раздели
  3. Граматички категории кај глаголите
  4. Именски форми на глаголот

 

Scroll to Top