Заповеден начин е проста глаголска форма.
Со заповедниот начин се искажува желбен или заповеден однос кон глаголското дејство.
Заповедниот начин има форми само за второ лице еднина и множина.
Се образува со наставките:
еднина множина
1л. / 1л. /
2л.- ј 2л. – јте
3л. / 3л. /
еднина множина
1л. / 1л. /
2л. – и 2л. – те
3л. / 3л. /
Во зависност од глаголската група или општиот дел на кој завршува глаголот заповедниот начин се образува со едните или другите наставки:
- Наставките -ј; -јте ги добиваат глаголите од а-група и глаголите од и- и е-група чиј општ дел завршува на самогласка (стои, пие). Кај глаголите од а-група, наставките се додаваат на основниот вокал, а кај другите на општиот дел на глаголот.
На пр.:
вика: викај, викајте; бега: бегај, бегајте
стои: стој, стојте; крои: крој, кројте
знае: знај, знајте; пее: пеј, пејте.
- Наставките -и; -те ги добиваат глаголите од и- и е-група чиј општ дел завршува на согласка (носи, плете).
На пр.:
учи: учи, учете (учите); носи: носи, носете (носите)
плете: плети, плетете; дреме: дреми, дремете.
Индиректна заповед
Недостатокот на специјални форми за заповеден начин за другите лица (прво и трето лице еднина и множина) се надополнува по синтетички пат, со ДА и НЕКА и глаголот во сегашно време. Но, тоа не се форми на заповеден начин и изразуваат индиректна заповед.
да и нека + сегашно време од глаголот
На пр.:
еднина множина
1 л. да викам 1 л. да викаме
2 л. да викаш 2 л. да викате
3 л. да, нека вика 3 л. да, нека викаат
Значење на заповедниот начин
Освен основното значење на директна заповед, со формите на заповеден начин може да изразиме:
- минатост: Земи плата, потроши ја, така беше, така е и сега.
- севременост, обично во пословици и поговорки: Не слушај гаталец, туку паталец!
- услов: Дај му прст, тој рака ќе ти земе.
Прочитај за глаголски начин на следнава ВРСКА.
Прочитај повеќе за глаголите на следните врски:
- Морфологија – глаголи (матура)
- Глаголски групи и раздели
- Граматички категории кај глаголите
- Именски форми на глаголот