Знаци за директен говор се наводници и црта (тире).
- Црта се пишува кога директниот говор започнува во нов ред:
На пример:
— Кога ќе се вратиш? — праша мајката.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
Синот не знаеше што да одговори, па рече:
— Немој да ме чекаш.
- Наводници се ставаат пред почетокот и на крајот од исказот кога директниот говор не почнува во нов ред:
На пример:
Мајката загрижено го праша: „Кога ќе се вратиш?“
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
- Наводници се пишуваат за да се обележи внатрешен монолог којшто има форма на директен говор.
На пример:
„Што да ѝ одговорам?“, си мислеше. „Да ѝ ја кажам вистината? Така ќе ја скршам. Подобро да премолчам.“ Тивко рече: „Немој да ме чекаш.“
- Обично кога секоја реплика од дијалогот се бележи во нов ред пишуваме црта:
— Здраво!
— Здраво!
— Како си?
— Добро.
- Често во литературните текстови при предавање дијалог се користат само наводници, па и во дијалози каде секоја реплика е во нов ред.
Правила за употреба на другите интерпункциски знаци во директниот говор
- Кога пред директниот говор има зборови што го појаснуваат, излезните наводници се пишуваат по знакот точка.
На пример:
Марија му рече: „Врати се порано.“
- Излезните наводници се пишуваат и по прашалник, извичник и три точки.
На пример:
„Дојди!“ — викна Петре. „Зошто не доаѓаш?“
„Не можам, заглавен сум…“ — одговори Митре.
- Кога објаснувачките зборови следуваат по директниот говор , по него се ставаат или запирка или прашалник или извичник или три точки, а потоа се пишува црта. (Не може да се стават два интерпункциски знака, и прашалник и запирка. Запирката се пишува во исказните реченици, а не точка зашто реченицата продолжува.)
На пример:
— Влези слободно, — му рече бабата.
- Запирката може да ја употребиме наместо црта кога употребуваме наводници, па директниот говор може да се напише на два начина.
На пример:
„Влези слободно“ — му рече бабата.
„Влези слободно“, му рече бабата.
- Ако директниот говор е разделен со објаснувачки зборови, тогаш зад првиот дел се пишува запирка, извичник, прашалник, три точки, па се пишува црта.
а) По објаснувачките зборови се пишува точка, а потоа црта ако првиот дел од директниот говор претставува завршена мисла.
На пример:
— Влези слободно. — му рече бабата.
б) По објаснувачките зборови се пишува само црта ако првиот дел од директниот говор е незавршена мисла.
На пример:
— Влези слободно — му рече бабата — и седни си каде сакаш.
Ако употребиме наводници, примерот ќе биде вака:
„Влези слободно — му рече бабата — и седни си каде сакаш.“
Или:
„Влези слободно“, му рече бабата, „и седни си каде сакаш.“
- Ако едноподруго во ист ред се наведуваат неколку реплики без да се нагласи од кого се изречени, тогаш секоја од нив се одделува со наводници и секоја од нив се одделува со црта.
На пример:
„Влези слободно.“ — „Каде да седнам?“ — „Седни си каде сакаш.“ — „Благодарам.“
Прочитај и за: