Почетна » македонски јазик » наука за јазикот » Ликови од „Печалбари“ на Панов

Ликови од „Печалбари“ на Панов

Во драмата „Печалбари“ се претставени неколку карактеристични ликови.

„Печалбари“ е драма од Антон Панов. Тоа е битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот.

Темата во драмата е љубовта на двајца млади, поради која момчето е принудено да оди на печалба.

Во драмата се испреплетуваат неколку мотиви: печалбарството, мотивот на парите, мотивот на љубовта и на традицијата.

Парите се сепак движечкиот мотив, тие се средство за живот, за богатење, за купување невеста, за уништување на семејството, за одење на печалба и смисла за живеење (на Јордан му се и срце и душа).

Прочитај повеќе за драмата „Печалбари“.

 

Краток опис на ликовите од драмата „Печалбари“

 

Јордан

 

Јордан е богат чорбаџија, лихвар, кој сè гледа низ призмата на парите. За него не претставува ништо среќата на ќерка му, важно му е само да платат за неа. Суров, бесчувствителен, бездушник, кој нема да дозволи ќерка му да оди бегалка, застапник на старите патријархални сфаќања.

Костадин

 

Костадин е претставник на новите сфаќања. Тој пред сè не сака да ја купува невестата со пари, зашто смета дека таа не е стока, дека и нејзиниот глас треба да се слушне. Љубовта за него е поважна од традицијата и старите закоравени правила.

Исто така, тој е против печалбарството, против оставањето на својата татковина, на домот и семејството. Смета дека и тука може да се заработи за живот и да не се жртвува животот за пари.

Симка

 

Симка е патријархално воспитана, покорна ќерка, која не смее да му се спротивстави на таткото. Ги потиснува своите желби за да ги оствари желбите на татка си. Иако е вљубена во Костадин таа не прави ниту еден храбар чекор за да ја оствари таа љубов. Не сака да побегне за него, бидејќи како бегалка ќе го посрамоти семејството, го тера Костадин да ја прифати нагодбата иако знае дека тоа ќе ја унесреќи и на крајот го тера да оди на печалба — сама жртвувајќи се да биде бела вдовица.

Нејзината трагедија е уште поголема кога останува без маж, без човек кој ќе се грижи за семејството. Историјата се повторува, таа е иста како свекрва ѝ Божана.

Прочитај ја целата драма „Печалбари“.

 

Матурски прашања за драмата „Печалбари“.

 

Scroll to Top