Глаголски прилог е именска форма на глаголот и проста глаголска форма.
Се образува од несвршени глаголи и наставката: – јќи
- Кај глаголите од а-група, наставката се додава зад основниот вокал а: чита: читајќи, игра: играјќи, вика: викајќи.
- Кај глаголите од и-група и е-група, наставката се додава на основниот вокал е: носи: носејќи, коси: косејќи, оди: одејќи; плете: плетејќи, мие: миејќи, пее: пеејќи.
Со глаголскиот прилог се искажува дејство што се врши паралелно со некое друго дејство во реченицата.
На пример: Одејќи накај училиште го сретнав Митре.
(Значењето на одејќи е дека во исто време додека одев накај училиште го сретнав Митре.)
Дејствата искажани со глаголскиот прилог и личната глаголска форма секогаш имаат еден ист вршител. Во примерот, дејствата: одејќи и сретнав, се извршени од подметот јас.
На пример: Одејќи накај училиште Јана го сретна Митре.
Во овој пример, дејствата: одејќи и сретна се извршени од подметот Јана.
Иако означуваат дејство, глаголските прилози се однесуваат како прилози, односно како неменливи зборови.
- Во некои случаи глаголскиот прилог содржи значење кое може да се искаже на друг начин.
На пример: Излегувајќи од училната, го сретнав Митре.
Кога излегував од училната, го сретнав Митре.
Од темата морфологија прочитај и за:
Прочитај повеќе за времињата во македонскиот јазик на следнава ВРСКА.
Прочитај повеќе за глаголите на следните врски:
- Морфологија – глаголи (матура)
- Глаголски групи и раздели
- Граматички категории кај глаголите
- Именски форми на глаголот