Видови множина кај именките во македонскиот јазик се: обична, избројана и збирна.
1. Обичната множина означува дека имаме повеќе (множество) од именуваните предмети.
На пример: маж – мажи; маса – маси; село – села.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
2. Избројаната множина се однесува на точно избројани предмети. Пред ваквата множина секогаш стои број или некој прилог за количество. (Само именки од машки род.)
На пример: 2 молива, 5 снопа, 3 листа, неколку часа, итн.
3. Збирната множина означува колективно единство од повеќе предмети. Тие се гледаат како целост.
На пример: снопје, лисје, ридје/ридишта, краишта.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Обичната и збирната множина ја имаат именките од сите три рода, а избројаната е карактеристична само за именките од машки род кои во еднина завршуваат на согласка.
Множина кај именки од машки род
- Обична множина се образува со наставките: -и, -ови/-еви, -вци (-овци).
Со наставката -и почесто прават множина повеќесложните зборови (ретко едносложните): родител — родители, писател — писатели, гледач — гледачи; коњ — коњи, прст — прсти.
Наставката -ови/-еви ја имаат едносложните зборови: број — броеви, слој — слоеви, клуч — клучови (клучеви), кеј — кејови, стол — столови.
Со наставката -вци множина прават именките што означуваат роднински врски и личните имиња: дедовци, чичковци, тетиновци; Петковци, Јаневци, Матовци.
- Исклучоци при образување множина се именките: ветрови (од: ветер), огнови (од: оган), браќа (од: брат), луѓе (од: човек).
- Избројаната множина се прави со наставката -а и секогаш одат со некој број или количествен прилог: два клуча, три броја, пет стола, десет коња, неколку дена.
- Збирната множина се образува со наставките: -је, -ја, -ишта: лисје, снопје, ридје/ридишта, краишта.
Множина кај именки од женски род
- обична множина образуваат со наставката -и: вести, птици, маси, столици;
- исклучок се именките: раце, нозе (од: рака, нога).
Множина кај именки од среден род
- Обична множина прават со наставките: -а, -иња, и поретко со -и: грла, села, јагниња, времиња, очи.
- Посебна форма е деца (од: дете).
Прочитај повеќе за:
Граматички категории кај именките
Функцијата на именките во реченицата