Идно прекажано време е сложена глаголска форма. Со него се искажува идно или минато-идно дејство кое сами не можеме да го посведочиме.
Се образува со честичката ќе и минато неопределено време од глаголот.
На пример:
еднина
1л. ќе сум читал (прочитал)
2л. ќе си читал (прочитал)
3л. ќе читал (прочитал)
- Ова време се образува и од несвршени и од свршени глаголи.
- Во формата за трето лице се испушта помошниот глагол сум.
- Кај оние глаголи што имаат две л-форми, се зема несвршената форма.
- Одречната форма се образува со негацијата не пред целата глаголска форма: не ќе сум читал.
- Со истото значење, одречна форма може да образуваме со глаголот нема (во л-форма во среден род – немало) и да-конструкцијата: немало да читам.
Значењата на идно прекажано време
Со идно прекажано време се означуваат дејства како со идното и минато-идното време, но кои не се засведочени. Ние не сме биле присутни, па затоа го прекажуваме дејството.
На пример:
идно време: Тој ќе ми прости. (Знам, ми кажал дека ќе ми прости.) Наспрема: Тој ќе ми простел. (Прекажано, некој друг ми кажал дека ќе ми прости.)
минато-идно време: Тој ќе дојдеше да му кажаа на време. (Засведочено дејство.) Наспроти прекажаното: Тој ќе дошол да му кажеле на време.
Прочитај повеќе за другите времиња во македонскиот јазик на следните врски: