Следните вежби и задачи се за повторување на лекциите за броеви и правилната употреба на броевите. Опфатени се вежби за:
Броевите се зборови со кои се означува количество предмети, точно определено или приближно. Има посебни форми за бројност на лица.
Вежби за броеви:
1. Кои од следните зборови се броеви?
еден, еднаш, единица, едно, една, единаесет, единаесетмина, прв, првпат, два, две, двајца, двојка, два-три, дванаесет, дваесетина, дваесетмина, втора.
2. Напиши приближна бројност од броевите:
5-6, 12-13, 30-40, околу 50, 200-300, 3000-4000
3. Напиши бројност за лица од следните броеви:
7, 12, 50, 65
4. Напиши ги со зборови следниве цифри: 16, 99, 666, 1285, 53 721, 452 880.
5. Членувај ги следните броеви: шест, осуммина, тринаесет, деведесет и пет.
Одговори:
- еден, едно, една, единаесет, единаесетмина, два, две, двајца, два-три, дванаесет, дваесетина, дваесетмина.
- 5-6: пет-шест,
12-13: два-тринаесет,
30-40: три-четириесет,
околу 50: педесетина,
200-300: двесте-триста,
3000-4000: три-четири илјади.
- 7 – седуммина,
12 – дванаесетмина,
50 – педесетмина,
65 – шеесет и петмина
- 16 – шеснаесет,
99 – деведесет и девет,
666 – шестотини шеесет и шест,
1285 – илјада двесте осудесет и пет,
53 721 – педесети и три илјади седумстотини дваесет и еден,
452 880 – четиристотини педесет и две илјади осумстотини и осудесет.
-
шест – шесте,
осуммина – осумтемина,
тринаесет – тринаесетте,
деведесет и пет – деведесет и петте.
Прочитај за видовите зборови според морфолошката класификација:
1. именки
2. придавки
3. заменки
4. броеви
5. глаголи
1. прилози
2. предлози
3. сврзници
4. извици
5. честици
6. модални зборови