Почетна » македонски јазик » морфологија

морфологија

Морфологија е дел од науката за јазикот (лингвистиката) што се занимава со проучувањето на формите на зборовите, нивното образување и нивното граматичко значење.

Според морфолошката поделба, зборовите се делат на:

Менливи зборови:
1. именки
2. придавки
3. заменки
4. броеви
5. глаголи

Неменливи зборови:

1. прилози
2. предлози
3. сврзници
4. извици
5. честици
6. модални зборови
.

Глаголите се најсложената структура, затоа во написите има посебни категории за:

времиња,

прости глаголски форми,

сложени глаголски форми.

Глаголски конструкции со има/нема

Глаголски конструкции со има/нема се сложени глаголски форми. Тие се карактеристични за македонскиот јазик и ги нема во другите јазици.

Видови множина кај именките

Во македонскиот јазик разликуваме три вида множина кај именките: обична, избројана и збирна.1. Обичната множина означува дека имаме повеќе

Глаголско време

Време е граматичка категорија кај глаголите. Време изразува временскиот однос на вршењето на глаголското дејство спрема моментот на зборувањето.

Глаголски залог

Глаголски залог е граматичка категорија на глаголите. Со залог се означува односот на граматичкиот подмет кон глаголското дејство. Има актив и пасив.

Scroll to Top