Почетна » македонски јазик » морфологија

морфологија

Морфологија е дел од науката за јазикот (лингвистиката) што се занимава со проучувањето на формите на зборовите, нивното образување и нивното граматичко значење.

Според морфолошката поделба, зборовите се делат на:

Менливи зборови:
1. именки
2. придавки
3. заменки
4. броеви
5. глаголи

Неменливи зборови:

1. прилози
2. предлози
3. сврзници
4. извици
5. честици
6. модални зборови
.

Глаголите се најсложената структура, затоа во написите има посебни категории за:

времиња,

прости глаголски форми,

сложени глаголски форми.

Заменки

Заменки се зборови кои укажуваат на лица или предмети или директно ги посочуваат. Заменките се ограничена група зборови, но се од големо значење

Броеви

Броеви се зборови со кои се означува количеството на предметите, било да е тоа точно избројано или само приближно определено.

Степенување на придавките

Степенување, образување и функцијата… Степенување – квалитативните придавки образуваат форми на компарација. Со нив се изразува степенот (степенување)

Придавки и видови придавки

Придавките означуваат некој признак на предметот што го определуваат. Основна служба на придавката е да ја определува именката Видови придавки

Образување на именките

Образување на именките Во нашиот јазик имаме многу продуктивни наставки од кои се изведуваат нови именки и на тој начин се збогатува речникот.

Вокативни форми кај именките

Вокативни форми или форми за обраќање кај именките се остатоци од старите падежи. Вокативни форми се: мамо, тато, тетке, Стојане, Јагодо.

Именки

Именки – означуваат поим за некој предмет и за сето она што го мислиме опредметено. Со нив се означуваат суштества, предмети, појави и поими. видови именки

Морфолошка поделба на зборовите

Морфолошка поделба на зборовите е групирањето на зборовите според надворешните, односно граматички карактеристики. Се делат на менливи и неменливи.

Морфологија

Морфологија е дел од науката за јазикот (лингвистиката). Таа се занимава со проучувањето на формите на зборовите, нивното образување и нивното граматичко значење.

Scroll to Top