Морфологија е дел од науката за јазикот (лингвистиката) што се занимава со проучувањето на формите на зборовите, нивното образување и нивното граматичко значење.

Според морфолошката поделба, зборовите се делат на:

.

Глаголите се најсложената структура, затоа во написите има посебни категории за:

времиња,

прости глаголски форми,

сложени глаголски форми.

Минато-идно време е сложена глаголска форма. Со него се означува дејство кое е идно во однос на некој друг минат момент. Во однос на сегашниот момент, тоа означува минатост.

Се образува со честичката ќе и минато определено несвршено време од глаголот.

ќе + глагол во минато определено несвршено време

На пример:

Иако од свршени глаголи не се образува минато определено несвршено време, сепак таквите форми се употребуваат при градбата … Прочитај повеќе

Идно време е сложена глаголска форма. Со него се означува дејство кое се врши или извршува по моментот на зборувањето. Идноста не мора да се однесува само на моментот на зборувањето, туку и на идност по некој минат момент.

На пример:

Утре ќе одам на Водно.

Минатата недела ти кажав дека ќе одам на Водно.

Идно време може да се образува и од несвршени и од свршени глаголи. Се … Прочитај повеќе

Предминато време е сложена глаголска форма. Со него се искажува дејство што се извршило пред некое друго минато дејство.
Се образува од минато определено несвршено време од сум (бев) и глаголската л-форма.

бев + л-форма

На пример, со глагол од а-група:

Со глагол од и-група

Со глагол од е-група

 

Значењето на предминато време

 

Значењето на ова време е означување дејство што се случило пред друго минато … Прочитај повеќе

Употреба на глаголот сум

Глаголот сум има три функции во македонскиот јазик.

Тој се употребува при градбата на сложените глаголски форми, може да биде дел на именскиот прирок (глагол врска) и може да се употреби самостојно.

На пример:

  1. Ја сум учел германски. Јас бев учел германски.
  2. Ти си ученик. Ти беше ученик.
  3. Тој е дома. Тој беше дома.

Во првиот пример, сум е употребено како помошен глагол, образувајќи ги … Прочитај повеќе

Минато неопределено време е сложена глаголска форма образувана со помошниот глагол сум.

Ова време означува дејство кое е вршено или завршено во минатото, без притоа да се побудува претстава за одреден момент кога се одвивало.

Формите на минато неопределено време служат за директно кажување или за прекажување на минати глаголски дејства.

Се образува од помошниот глагол сум во сегашно време и глаголската л-форма (сум читал).

Во зависност од видот на … Прочитај повеќе