Идно прекажано време

Со идно прекажано време се искажува идно или минато-идно дејство кое сами не можеме да го посведочиме. Се образува од: ќе+сум+глаголска л-форма.

Минато-идно време

Со минато-идно време се означува дејство кое е идно во однос на некој друг минат момент. Во однос на сегашниот момент, тоа означува минатост.

Идно време

Идно време означува дејство кое се врши или извршува по моментот на зборувањето. Се образува од честичката ќе и глаголот во сегашно време.

Предминато време (плусквамперфект)

Предминато време е сложена глаголска форма. Со него се искажува дејство што се извршило пред некое друго минато дејство. Се образува од бев+л-форма.

Минато неопределено време (перфект)

Минато неопределено време е сложена глаголска форма образувана со помошниот глагол сум.Ова време означува дејство кое е вршено или завршено во минатото.

Минато определено свршено време (аорист)

Минато определено свршено време искажува глаголско дејство кое се извршило во минатото во присуство на лицето што зборува.Се образува од свршени глаголи.

Минато определено несвршено време (имперфект)

Минато определено несвршено време означува глаголско дејство кое се вршело во минатото во присуство на лицето кое зборува. Се образува од несвршени глаголи.

Деловите на зборот

Деловите на зборот што имаат некакво значење се наречени морфеми. Општ дел или корен е носител на значењето кому му се додаваат наставки и претставки.

Заповеден начин (императив)

Заповеден начин е проста глаголска форма со која се искажува желбен или заповеден однос кон глаголското дејство.Се образува со -ј; -јте и -и, – ете

Вежби за сегашно време

Сегашно време е проста глаголска форма. Означува дејство што се случува во моментот на зборување. Се образува од основата на несвршени, трајни глаголи и наставките:

Сегашно време

Сегашно време е проста глаголска форма. Се образува од основата на несвршени, трајни глаголи со наставки, а означува дејство што се случува во моментот.